Kилограм „кардинал“ се намали на 17 денари

Bez autora
Jul 31 2012

Од 60 денари колку што изнесуваше првичната цена за килограм „кардинал“ оваа сезона во Македонија, сега, на импровизираниот пазар на големо во Kавадарци, цената на оваа сорта се симна и до 17 денари за килограм и тоа пакувано во гајби. Или за без пари, како што рекоа производителите на десертно грозје од Тиквешко. Точно напладне, директно изложени на жешкото сонце, тие го нудеа грозјето на прекупците, главно дојдени со возила со скопски регистарски таблички. Прекупците повеќе заработуваат од трпезното грозје отколку ние лозарите кои се мачиме цела година. Ни го земаат грозјето за џабе, па го продаваат двојно поскапо во Скопје. Според нас, реалната цена сега е најмалку 25 денари за килограм „кардинал“. Лозарите што ги затекнавме на пазарот сметаат дека нема доволно откупни пунктови кои би откупувале десертно грозје, а кај тие што откупувале, не можело да се дојде до ред за празни гајби.

Kилограм „кардинал“ се намали на 17 денариОд 60 денари колку што изнесуваше првичната цена за килограм „кардинал“ оваа сезона во Македонија, сега, на импровизираниот пазар на големо во Kавадарци, цената на оваа сорта се симна и до 17 денари за килограм и тоа пакувано во гајби.

Или за без пари, како што рекоа производителите на десертно грозје од Тиквешко. Точно напладне, директно изложени на жешкото сонце, тие го нудеа грозјето на прекупците, главно дојдени со возила со скопски регистарски таблички.

- Прекупците повеќе заработуваат од трпезното грозје отколку ние лозарите кои се мачиме цела година. Ни го земаат грозјето за џабе, па го продаваат двојно поскапо во Скопје. Според нас, реалната цена сега е најмалку 25 денари за килограм „кардинал“ - рекоа револтираните Тиквешани.

Лозарите што ги затекнавме на пазарот сметаат дека нема доволно откупни пунктови кои би откупувале десертно грозје, а кај тие што откупувале, не можело да се дојде до ред за празни гајби. Затоа бараат да се отвори кванташки пазар на кој ќе може да го нудат своето производство.

Според некои од лозарите, поради ниската цена која уште сега се нуди за ова грозје, најверојатно како и многу години досега, тоа ќе заврши во казаните за варење ракија, наместо на трпезите. Згора на тоа, кај многу производители грозјето останало ситно, најверојатно поради пеколните горештини.

- Да не се субвенциите што ги дава државата, ние лозарите ќе капитулираме. Благодарение на субвенциите си ги покриваме трошоците - беа децидни.

Проблемот со немањето кванташки пазар во Kавадарци како град на грозјето беше посочен и на неодамнешната средба на претставници на Општината со производители и откупувачи на грозје. На последната собраниска седница беше кажано дека се работи на изнаоѓање локација за ваков пазар во најлозарскиот град во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik